
Зоран Марјановиќ, кој е осомничен за брутално убиство на сопругата, пејачката на Гранд, Јелена Марјановиќ, после првата средба, од апсењето, со шестгодишната ќерка Јана, им рекол на цимерите во притвор дека ќе се бори до крај и дека никој не може да го одвои од детето.
-Зоран е во притвор од 16 септември и од тогаш главно зборува како сето ова тешко му паѓа, заради Јана. Најчесто зборува за девојчето и го загрижуваше како таа ќе реагира на средбата со него. Поради тоа од семјството дури сега побара да ја доведат во посета- рекол извор од затворот.
Малата Јана веднаш му притрчала на Зоран во прегратка и викнала:Тато, ти дојдов!
-Двајцата плачеа, иако тој се трудеше да остане силен. Девојчето му поставуваше прашања, а најмногу инсистрираше на тоа да и каже кога ќе дојде дома-рекол изворот.
-Викаше дека нема да трпи неправда и дека никој не може да го раздвои од неговото дете. И рече нешто во смисла дека ќе платат сите оние поради кои неговото семесјтво страда-додал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


