| четврток, 6 декември 2018 |

Конте со ултиматум до Абрамович: Прво доведете ми го него, па после ќе договараме сѐ друго

pirlo i abramovic

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, сака да го доведе легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло како свој асистент на „Стемфорд бриџ“ од следната сезона. Тој бара ново решение за пополнување на стручниот штаб откако Стив Холанд одлучи да си замине на крајот од сезоната и да му се приклучи на Герет Саутгејт на клупата на англиската фудбалска репрезентација.

Конте и Пирло долг период соработуваа во Јувентус, но и во италијанската фудбалска репрезентација, а легендарниот играч за врска планира да ја заврши кариерата, откако ќе го одработи договорот со Њујорк сити во МЛС – лигата на САД.

– Тој беше моја продолжена рака на теренот. Тоа што го замислував во текот на мечот, он го пренесуваше и имавме одлични резултати. Му бев тренер во Јувентус, Пирло е вистински фудбалски Моцарт. Знам дека таков ќе биде и на клупата покрај мене – кратко изјави Антонио Конте.

Сепак, тука Конте има одредени несогласувања со раководството на клубот и пред се со сопственикот Роман Абрамович, кој сака во стручниот штаб да биде приклучен домашен англиски тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top