Легендата на италијанската фудбалска репрезентација и член на Интер, Милан и на Јувентус, Андреа Пирло, за шпанска „Марка“ откри дека жали што не го вкусил чувството како е да се биде фудбалер на Реал или на Барселона.
– Сè уште жалам што немав можност да заиграм за Реал или за Барселона бидејќи секој фудбалер сонува да биде дел од овие два гиганти. Тогаш Милан не сакаше да ме пушти, а потпишав и нов договор. Дали сум разочаран? Вистина е дека не ме пуштија, но во Милан поминав десет години во кои освоив сè што можеше да се освои – вели Пирло.
Фудбалскиот „Моцарт“ имаше понуди на маса од двата шпански гиганти во времето кога играше за Милан, но тогаш раководството не сакаше да помисли да се раздели со фудбалерот кој на „грб“ ја носеше играта на миланскиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.