Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за развој на масовниот и на врвниот спорт во нашата земја. Преку инвестирање во спортската инфраструктура овозможуваме максимални услови за спортски развој не само на младите, туку во исто време и на сите граѓани да спортуваат и не случајно кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006-та година започна да ги реализира оние спортски објекти кои и се познати на јавноста, изјави поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески на денешната Панел дискусија: „Единствени кои инвестираат во спортот“.
– Изградивме 35 спортски сали во Македонија, но тука не застанавме, Министерството за образование и наука се вклучи во акцијата во организирање на училишниот спортски систем и за обезбедување на настава по физичко образование и не случајно се започна и проектот за изградба на 145 училишни спортски сали и бројката на изградени спортски сали до овој момент надминува 100 нешто што беше незамисливо за владите на СДСМ. Потоа продолживме со проект за изградба на 50 фудбалски игралишта и сите овие игралишта беа во функција на општините и беа користени од локалните клубови, потоа продолживме со реализација на изградба на 100 маалски повеќе наменски игралишта и досега повеќе од 71 игралиште има изградено. Од предвидените први 100 тениски игралишта досега реализиравме вкупно 89, но таа бројка ја зголемивме за нови 120 и не случајно неопходно за да се има успешен професионален и врвен спорт неопходно е да се исполнат три основни столба: Капиталната ифраструктура, масовноста на луѓето и третиот сегмент е вложувањето во стручните кадри, вели Спасески.
Тој истакна и дека од година на година се зголемуваат и стипендиите кои што тие како Агенција за млади и спорт ги доделуваат секоја година на врвните спортисти кои ќе остварат врвни резултати на меѓународната спортска сцена.
– Секоја година почнувајќи од 2008-та година доделуваме 500 стипендии за млади и талентирани спортисти, а со овие стипендии тие добиваат во просек од 34 илјади денари, но она што е многу битно од 2008-та година го воведовме највисокото спортско признание со кое што ги вреднуваме успесите на нашите спортисти кои што достојно ја преставиле Македонија на меѓународната спортска сцена и тоа е популарно кажано спортската пензија, а тоа е доживотен паричен надомест во износ од просечната плата во Македонија и досега дури 38 спортисти се носители на ова највисоко национално спортско признание, потенцираше Спасески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Компаниите веќе ги потпишуваат првите договори за даночно ослободување по инвестирање во спортска федерација
-
Македонија викендов ќе биде домаќин на Европското првенство во кајак
-
Наскоро во функција спорстката сала во Домот „11 Октомври“ (Фото)