Со лавовска борба во текот на сите 60 минути од мечот нашите репрезентативци ја однесоа Македонија на европското првенство во Данска следната година.
На крајот резултатот е 26-19. Доволно беше и минимална победа но сепак нашите играчи покажаа дека се појаки од Португалија, која уште еднаш ја осети силината на нашата селекција.
Најпрецизен беше капитенот Кире Лазаров со 9 голови, Миркуловски со 7 додека Стоилов и Темелков постигнаа по 3.
На голот блескаше одличниот Борко Ристовски со 13 одбранети удари.
Ова е уште еден пласман на големите натпреварувања кои во континуитет ги остваруваат нашите репрезентативци.
Во Данска Македонија ке има тешка задача да го одбрани петото место освоено на претходното европско првенство во Србија.
Македонија: Ристовски (13 одбрани), Митревски, Н.Мојсовски 1, Миркуловски 7, Темелков 3, Јоновски, Стоилов 3, В.Маркоски, Н.Маркоски, Алушовски, Недановски 2, З.Мојсоски 1, К.Лазаров 9 (5), Ф.Лазаров, Димовски и Стојчевски. Седмерци: 5/6. Исклучувања: 2 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.