Најдобриот српски тенисер и поранешен орв светски рекет Новак Ѓоковиќ потврди дека бил под медицински третман на лактот, нагласувајќи дека очекува комплетно закрепнување од повреда.
По елиминацијата во осминафиналето финалето на Австралија опен, Ѓоковиќ најави нова подолга пауза поради проблемите со десниот лакт.
– Би сакал да ги споделам вестите за моето закрепнување. Веќе две години добив различни дијагнози, мислења, препораки и препораки за работа …. Морам да признам дека тоа беше многу тешко за мене. Паузирав шест месеци, убеден дека тоа е доволно да закрепнам, но по сите терапии се уште чувствував болка, изјави Ѓоковиќ.
Затоа, пред неколку дена, имав медицинска интервенција на раката во Чешка. Ми се чини дека сум на добар пат да закрепнам целосно, но знаете, ова е голем предизвик – вели Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ
-
Агаси и Ѓоковиќ се разделија: Се согласивме дека не се согласуваме!
-
Не престанува да изненадува: Ново ХИТ видео на Ѓоковиќ! (видео)