| четврток, 6 декември 2018 |

Се ветуваше раст од дури 5 отсто, а според НБРМ ќе имаме минимален раст од само 0.5 отсто

Се издиша оптимизмот на СДСМ. Додека од една страна премиерот Зоран Заев ветуваше се и сешто, а пред се живот, кој требаше да дојде со повисокиот економски раст,најновите прогнози покажуваат дека проекциите се целосно промашени. Имено НБРМ ја ревидираше проекцијата на раст на БДП за оваа година на 0.5 отсто, а според априлската проекција, растот беше 2,5 проценти, додека во мај годинава, откако Заев стана премиер, вети и раст на екомомијата за цели 5 отсто.

Според последните проекции што денес ги објави НБРМ за следната година останува раст на економијата од 3,2 и 3,5 за 2019 година.

Но наспроти овие бројки Заев во мај годинава од собраниската говорница ветуваше просечна стапка на раст на економијата повисока од 5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top