| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерот на Антиќ збесна: Сакате ли на сите тројца да ви удрам по еден шамар? (видео)

Нема шега со тренерот на Црвена звезда, Душан Алимпијевиќ кој буквално збесна на еден од тајмаутите изнервиран од играта на своите кошаркари за време на мечот со Игокеа. Црвена звезда со 82-76 го доби дуелот од АБА лигата, но тренерот Алимпијевиќ беше принуден да го повиши тонот кон своите кошаркари.

На Стефан Јанковиќ, Дејан Давидовац и Огнен Добриќ им се закани со шамарање.

– Сакате ли да ви удрам шамар на сите тројца!? Тебе, на Давидовац и Добриќ! Што влегувате кој ку*ац во игра бре!?, грмеше Алимпијевиќ на тајмаутот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top