| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Македонците во Грција немаат права

04122011111046_greece_fyrom_flagsМакедонците во Грција немаат права, велат резултатите од последната анкета спроведена од агенцијата Рејтинг, на барање на  Партијата „Достоинство“. Ваков одговор дали 87 отсто од 1217 испитаници од целата земја кои биле анкетирани во периодот од петти до 10 јуни.

Слично се изјасниле и за правата на Македонците во Бугарија и Албанија. Во Бугарија 64 отсто рекле дека немаат никакви права. Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов вели дека ова е една од главните причини Грција да не и дозоли влез на Македонија во ЕУ, бидејќи на тој начин ќе исчезне и границата помеѓу Македонците од Македонија и Македонците од Егејска Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top