На 30-ти октомври свечено се отвори изложбата на детски цртежи на тема штедење и истражување. Изложбата ја отворија Антонио Аргир – Претседател на Управниот одбор на Банката и македонската уметница Анкица Влашиќ-Гроздоска.
Изложбата се организира по шести пат, а цртежите се собирале преку организирани забавно – едукативни посети на повеќе училишта и градинки во Македонија и во самите експозитури на Банката. Во текот на НЛБ Месецот на штедење биле собрани околу 1.700 цртежи, се разгледувале од комисија составена од ренoмираните македонски уметници: Сергеј Андреевски, Константин Качев, Христијан Санев и Анкица Влашиќ- Гроздоска кои ги издвоија најдобрите цртежи. Покрај наградените цртежи од страна на стручната комисија, награди беа доделени и на цртежите кои освоија најголем број на гласови преку веб страницата на Банката.ајдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за Месецот на штедење..
Изложбата ќе биде отворена до 25-ти ноември, секој работен ден од 08.00 до 20.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.