| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата како штаб на власта: Викани на информативен разговор во полиција и членови на опозицијата од Чешиново Облешево

Полицијата под раководство на министерот од владејачка партија продолжува да функционира како партиски штаб на претседателот на владејачката партија.

Членови на опозициска партија во неколку градови се жртви на притисоци од страна на полицијата. Во низата случаи се вбројуваат и најновите информации кои пристигнуваат од терен.

Имено, денес на предизборниот молк пред утрешното гласање, во полиција се викнати на информативен разговор и членови на опозициската партија од Чешиново Облешево.

Порано во текот на овој ден ваков случај имаше и во Зрновци. Полицијата малтретираше членови на истата партија од оваа општина.

Имено, во Зрновци денес на разговор е повикан активист и член на опозицијата.

В.Ѓ. е држен во полициска станица, а причината за тоа не е позната.
Ова не е изолиран случај. Веќе поминува во пракса членови на партијата да се повикуваат без причина на информативен разговор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top