| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: За изборните нерегуларности мора некој да одговара

Сакам да зборуваме многу објективно, ние кои што ги водиме партиите алудираме и да ја водиме државата, сакам како граѓани да се погледнеме и да се прашаме: Дали изборите во 2017 се подобро организирани од 2016 година? Дали се по фер и демократски? Има господ и има јавност- овие избори се по нефер и по недемократски и со огромни пропусти во однос на она што било во 2016 година, ова го потенцираше претседателот на ГРОМ и поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски во гостувањето на емисијата „Алфаскоп“.

-Не е битно кој добил, а кој изгубил, сега зборуваме за државата, за 25 години прв пат се случува да ливчиња од една општина има во друга, а на сето тоа јавно сакам да ја прашам француската амбасадорка ако во Париз најдете ливче во Лион или во Марсеј дали тие ваши избори ќе бидат регуларни и дали после една секунда претседателот на ДИК се уште ќе остане претседател? Граѓанската опција за Македонија ГРОМ поднесе кривична пријава за злосторничко здружување до одделението за организиран криминал против државната комисија, одговорното лице на државната комисија, против печатницата и не случајно за прв пат се менува печатницата „Киро Дандаро“ и се печати во „Полиестердеј“ кој што е близок до СДСМ. И вие за да најдете избирачко ливче од една општина во друга тоа значи или некој тоа компјутерски го средил во ДИК или тоа некој физички во печатницата од едно место на друго е внесено ливчето од еден во друг кочан и така тој кочан е направен и залепен со цел да се направи бугарски воз, вели Јакимовски.

Тој додава дека за сето ова мора да се има истрага и мора да се утврди кој е тој што ги мешал картите на денот на изборите.

-Сосема друго прашање се притисоците, уцените, заканите, да не се разбереме погрешно јас ги признав изборите во Карпош , но сега зборуваме за државата Република Македонија, затоа што ние имавме циркузи цели три години и некој кој го бараше МВР сега испаѓа дека истото им требало за да стои пред куќите каде се делеле пари и се купувале гласови. Дема МВР и алфите служеле да вршат закани и уцени на граѓани да не гласаат за опозицијата, а тоа се случи и во мојата општина во ромскиот дел на Злокуќани. Тоа значи дека ние имаме груба злоупотреба на институциите на институциите на Македонија и морам да ви кажам денес имаме нов кваликатив за разлика од 2014 кога СДСМ не ги признаа изборите денеска имаме и две албански партии кои што не ги признаваат изборите и најголемата забелешка ја упатуваат кон МВР, потенцира Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top