| четврток, 6 декември 2018 |

Изборни нерегуларности: Полицијата малтретира активисти на опозициска партија

Полицијата продолжува да функционира како соучесник во нерегуларностите кои на овие избори ги прави владејачката партија.

Во Зрновци денеска на разговор е повикан активист и член на опозициска партија. В.Ѓ. е држен во полициска станица, а причината за тоа не е позната.

Ова не е изолиран случај. Веќе поминува во пракса членови на опозициска партија да се повикуваат без причина на информативен разговор.

Врз нив се врши притисок да не излегуваат на гласање. Членови на опозицијата низ цела Македонија се мета на уцени и закани од страна на активисти и функционери на владејачката партија со поддршка на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top