| четврток, 6 декември 2018 |

Локалните избори 2017 беа најнерегуларните во историјата на независна Македонија (Видео)

Локалните избори годинава беа најнерегуларните во историјата на независна Македонија, а тоа го потврдуваат фото и видео материјалите кои секојдневно ги објавуваат медиумите од кои јасно се гледа како бил вршен изборниот криминал од страна на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека медиумите на албански јазик вчера објавија фотографии од кои се гледа како во одредени избирачки места низ државата се повредува тајноста на гласањето.

– Ова почитувани граѓани е недозволиво и надвор од законот. За вакви законски прекршувања казната затвор е најмалку три години. Гласањето се врши лично и истото е тајно. Овие лица на фотографиите кои гласаат во групи, но и членовите на избирачкиот одбор кои го дозволиле истото, директно го прекршуваат Изборниот законик. Имено чл.173 ст.1 од Изборниот законик вели: „Гласањето се врши во затворена просторија која ги исполнува условите за остварување на лично, слободно и тајно гласање на избирачите“. За прекршување на чл.173 од Изборниот законик, следува санкција според чл.163 ст.1 од КЗ со што е предвидена казна затвор од најмалку три години за лицата кои ќе ја повредат тајноста на гласањето, посочи Данев.

Според него, ова е сериозно кривично дело за кое медиумите објавија фото материјал, но како што рече, нема реакција од МВР и Јавното обвинителство.

– Институциите молчат и не реагираат пред очевидниот криминал на власта, како што не реагираа и во одредени други случаи објавени во медиумите, а кои индицираа на тежок изборен криминал и сето тоа фото и видео документирано. МВР и надлежните институции не реагираат и со тоа го легитимираат изборниот криминал на СДС. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикува ОБСЕ и ОДИХР да не замолчуваат пред ваков очигледен изборен криминал. Од ден во ден станува се појасно дека е извршен тежок изборен фалсификат под заштита на власта. СДС на изборите од првиот круг ја погреба демократијата и правната држава, нагласи Данев.

Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги потсетува сите оние кои охрабрени од моменталната власт вршат изборен и секаков друг вид на криминал, со мисла дека нема да одговараат за своите криминали, дека со враќањето на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија ќе одговараат согласно закон, а од казната нема да избега никој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top