| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец заработи кривична: Со нож барал седативи во аптека, а потоа замавнувал кон полициајците

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Д.Б.(52) од с.Ново Лагово, Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “разбојништво“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавениот на 18. овој месец во Прилеп во аптека со закана со нож, побарал од вработениот да му даде седативи, но вработениот повикал полиција.

После пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top