| четврток, 6 декември 2018 |

Која крвна група ја поседувате? Луѓето со оваа крвна група се најмалку подложни на инфаркт

Од крвната група која ја поседувате можете да дознаете многу за вашето здравје, како и склоноста кон различни болести. Крвната група се наследува и со самото тоа може многу да ни помогне за да дознаеме дали сме предодрени за некои болести и со голема прецизност може да се предвиде ризикот од срцеви болести, пишува порталот Маркукуле.

Истражувањето кое го објави “Европското кардиолошко друштво”, опфаќа податоци за повеќе од 1.3 милиони луѓе, а резултатите покажале дека ризикот од кардиоваскуларни проблеми е за 9% поголем кај луѓето со крвна група А,Б или AБ, отколку кај луѓето со крвна група О.

Се смета дека луѓето од критичните крвни групи имаат поголемо ниво на протеини што ја згрутчуваат крвта, што може да предизвика тромбоза на артериите, појава која од друга страна е главна причина за срцевите и мозочните удари.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top