| четврток, 6 декември 2018 |

Раководството на студентскиот дом „Стив Наумов“ се правда – виновни се претходните

Откако по вчерашните дождови студентите од студентскиот дом Стив Наумов се пожалија во медиумите на мизерните услови  и прокиснатитие соби во кои живеат, денеска со реакција за случајот изледоа и надлежните од домот која ви ја пренесуваме во целост:

– Ве информираме во врска со настан кој се случи вчера во трета женска зграда на студенсткиот дом Стив Наумов. Имено, во текот на вчерашниот ден после дождот, поради неисчистеност на олуците се случи поплава на две соби во третата зграда на студентскиот дом Стив Наумов. Проблемот настанал поради долгогодишна занемареност на одржувањето на зградата. Податоците на домот покажуваат дека за истоимената зграда последен пат биле одвоени средства во
2008 година, а средства за варосување не се одвоени дури и од 2006 година. Овие податоци се јавни, и ние сме подготвени да ги споделиме со јавноста доколку тоа е потребно. Олуците, поради чие неодржување е настанато поплавувањето, последен пат се исчистени точно пред 3 години, па истото предизвикувало поплавување на двете соби во повеќе наврати, што довело дури и до заскапување на неколку места.

– Раководството на студентскиот дом веднаш интервенираше, со цел да го заштити здравјето на студентите, понудено е дислоцирање додека се врши санирањето на собите, односно дезинфекцијата, варосување и реновирање а во исто време ангажирана е и фирма која ги чисти олуците со цел да се спречи повторно поплавување. Секој обид, да се пласира дезинформација, поразлична од горенаведената, го сметаме за груба злоупотреба на студентите во политчки цели, и ја сметаме за вулграност. Ние како институција не ги користиме студентите во кампањи, спротивно, работиме на подобрување на условите во кои живеат во домовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top