| четврток, 6 декември 2018 |

Се изработува новиот мебел за студентските домови

mebel

Студентите сместени во државните студентски домови наскоро ќе добијат значително унапредени услови за престој со набавката на комплетно нов мебел којшто е во фаза на изработка.

За оваа активност е потпишан договор со компанија која има доставено најповолна понуда и активностите на терен се веќе започнати, односно за дел од студентските домови се земени мерки за мебелот и истиот се изработува
Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, пред две недели информираше дека набавката на целосно новиот мебел за сите 10 студентски домови, според очекувањата, треба целосно да се реализира до крајот на април. 
-Според договор е предвидено набавка на нови кревети, душеци, маси, столови, бироа и плакари за сите 10 државни студентски домови. За оваа инвестиција од буџетот на Министерството за образование и наука одвоени се 100 милиони денари – истакна Ристовски.
Реализацијата на инвестицијата најпрво ќе биде фокусирана на поголемите студентски домови во Скопје, каде што има поголема концентрација на студенти, а потоа и на останатите домови низ Република Македонија.
Покрај набавката на новиот мебел, Владата и МОН минатата година извршија целосна промена на сите постојни лифтови во сите студентски домови, за што беа инвестирани 15 милиони денари, а во тек е и инсталирањето на машините за перење и за сушење – инвестиција во вредност од 11 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top