Интензивно се реализираат најавите за набавка на целосно нов мебел за сите државни студентски домови. Компанијата која на јавниот повик на Министерството за образование и наука за изработка на мебелот достави најповолна понуда, истиот го изработи и согласно дефинираната динамика, веќе го дистрибуира во студентските домови во главниот град, каде има и најголема концентрација и фреквентност на студенти. Досега, целосно е опремен реконструираниот блок А во студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски неодамна информираше дека согласно очекувањата, набавката на новиот мебел целосно ќе се реализира до крајот на месец април.
– Според договорот е предвидено набавка на нови кревети, душеци, маси, столици, бироа и плакари за сите 10 државни студентски домови. За оваа инвестиција од буџетот на Министерството за образование и наука одвоени се 100 милиони денари – рече Ристовски.
Покрај набавката на новиот мебел, Владата и МОН минатата година извршија целосна промена на сите постоечки лифтови во сите студентски домови, за што беа инвестирани 15 милиони денари, а во тек е и инсталирањето на машините за перење и сушење – инвестиција во вредност од 11 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
350.000 евра за мебел – „МЕПСО“ ќе набавува фотељи, столчиња, кујни…
-
Раководството на студентскиот дом „Стив Наумов“ се правда – виновни се претходните
-
Природен освежувач за дома, ќе ги избрка и комарците
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС за време на изборите ветуваа брда и долини за студентите, а сега кратат 155 милиони денари планирани за студентски домови