| четврток, 6 декември 2018 |

Каде е Бранко?

По вчерашната средба меѓу иницијативниот одбор за поддршка на Бранко Црвенковски со новиот лидер Зоран Заев и по одлуката за именување на 4 нови потпретседатели многумина во СДСМ го поставуваат прашањето каде е стариот лидер.

Партиски членови кои се незадоволни што Црвенковски сеуште и покрај сите промени не ја губи реалната моќ во СДСМ брифираат дека неколку дена по конгресот тој со своите најблиски соработници заминал во странство.

Тие тврдат дека Црвенковски поминувал неколку недели на Флорида а дека уште десетина дена ќе престојува и во Њујорк.

Незадоволството на дел од членовите на СДСМ е најголемо поради секојденвните комуникации што новото раководство ги има со стариот лидер. Се тврди дека и за време на престојот на Црвенковски во САД Зоран Заев секојдневно некогаш и во неколку наврати го информира за преземените чекори и состојби во партијата.

„Поглавјето со Црвенковски заврши, сега треба да се гради автентична партиска и државна политика во која тој ќе нема никакво влијание“, инсистираат  изворите на „Република“ кои се песимисти дека СДСМ може да ја врати старата слава ако не се прекинат сите комуникации со него и со неговите соработници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top