– Ние како Албанци ги информиравме сите партии од македонскиот политички блок со кои имиња не се согласуваме. Не се согласуваме земјата да се нарекува Словенска Република Македонија, ни Национална Република Македонија, ниту пак да остане во употреба Поранешна Југословенска Република Македонија. Секој друг компромис за нас е прифатлив. На пример: Горна Република Македонија, Северна Република Македонија и сл. – изјави лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во интервју за Дојче Веле.
За воскреснатите тези дека сите Албанци на Балканот треба да живат во една држава Голема Албанија, Ахмети смета дека тој проект е роден во големосрпските центри на Милошевиќ со цел да се отфрли легалното барање на Албанците кои тогаш живееле во поранешната Југославија.
– Приоритетните цели на Албанците кои живеат во Република Македонија се: целосната имплементација на Охридскиот договор, интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, економскиот развој и градењето здрави меѓуетнички односи меѓу сите кои живеат во земјата: Македонци, Алабанци, Власи, Турци, Роми, Босанци… – додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.