| четврток, 6 декември 2018 |

Теодосиќ е најдобриот кошаркар во Европа

Плејмејкерот на ЦСКА Москва, Србинот Милош Теодосиќ, е најдобар европски кошаркар за изминатата година. Тој доби најмногу гласови на традиционалната анкета, спроведена од реномираниот „Газета дело Спорт"

Наградата се доделува по гласањето на тренери, играчи и новинари од 33 земји, а Србинот ја освои наградата, благодарение на титулата во Евролигата и сребрениот медал на Олимписките игри во Рио со репрезентацијата на Србија.

Арвидас Сабонис и Дирк Новицки се рекордери со по шест награди, а последниот српски кошаркар со ова признание е Пеџа Стојаковиќ во 2001 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top