| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт оствари значајна победа кај Клиперс, Атланта со неверојатен пресврт до победа (видео)

golden stejt

Кошаркарите на Голден стејт славеа против ЛА Клиперс во шутерската вечер во Стејплс центарот со 133-120.

До петтиот едноподруго триумф гостите ги предводеше Стеф Кари со 29 поени и 11 асистенции, а „дабл-дабл“ ефект имаше и Кевин Дурант со 26 поени, 10 скока и 8 асистенции. Клеј Томпсон мечот го заврши со 21 поени и седум скока. Во редовите на Клиперси подобар од останатите беше Блејк Грифин со 31 поен.

Во останатите три синоќешни меча, Вашингтон славеше против ЛА Лејкерс со 116-108, и на тој начин стигна до 16-та едноподруго победа на домашен паркет. Одличен беше Џон Вол со 33 поени и 11 асистенции, додека Бредли Бил дополни со 23 поени.

Атланта славеше на гостувањето против Хјустон со 113-108. Атланта успеа да надополни 20 поени негатива во последниот период (97-77), а до големиот пресврт ги водеше Тим Хардавеј Џеј-ар со 33 постигнати поени. Одличен меч имаше и Двајт Хауард со 24 поени и 23 скока. За Хјустон недоволни беа и 41 поен, осум скока и осум асистенции на Џејмс Харден.

Убедлива победа запиша Сан Антонио против Филаделфија од 102-86. Се издвои во победничкиот тим Каваи Ленард со 19 поени, осум скока и пет асистенции, Дивејн Дедмон имаше 13 поени и 10 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top