Српскиот кошаркарски репрезентативец и најголема ѕвезда во тимот на европскиот шампион ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ, конечно проговори за своите приватни планови, а не само оние со кошарката.
Тој е во врска со Анастасија Ражнатовиќ, која овој период постојано е на релација Белград – Москва и која откри дека би сакала во иднина да се пресели во руската престолнина. Изгледа дека Теодосиќ успеа да го освои срцето на Анастасија, која летово ја раскина долгогодишната врска со Костадин Терзиќ.
Кошаркарот исто така беше свршен со одбојкарката Маја Огњеновиќ, со која беше четири години во врска. Меѓу другото, познат е по тоа што голем број познати манекенки и водителки поминале низ неговиот кревет
-Кога станува збор за приватниот живот, сакам да најдам добра жена и со неа да создадам големо семејство, изјави кошаркарот за еден руски магазин. Изгледа дека со оваа изјава Милош и порача на Цеца дека наскоро ќе стане баба, а дали Анастасија е спремна да ги исполни очекувањата на новото момче, останува да видиме понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.