| четврток, 6 декември 2018 |

Таа на врвот, тој на дното: Каде е денес партнерот од порнофилмот на Северина?

Најпознатото домашно видео на просторот на Балкан со еден од најбогатите Херцеговци до сега го погледнале милиони луѓе и од главните актери направи ѕвезди…

Во Хрватска Лучиќ на пошироката јавност и беше непознат се до 2004 година, кога благодарение на него и Севрина на овие простори се случи вистинска технолошка револуција! Домашното видео на Лучиќ и Северина за многумина на Балканот беше мотив за прв пат да му пријдат на компјутерот и го откријат значењето на интернетот.

Северина во меѓувреме се омажи, доби син, а од нова снимка како што многумина очекуваат, ни трага ни глас.

Што се однесува пак до бизнисменот на Северина – тој како во земја да пропаднал.

Пред десет години Милан Лучиќ беше еден од најбогатите Херцеговци, а вредноста на неговиот имот се проценуваше на повеќе од 600 милиони хрватски куни.

Речиси да немаше бизнис во кој Милан не беше вклучен: нафта, осигурување, малопродажба, банкарство, недвижности…Меѓутоа, во меѓувреме неговиот живот се свртел наопаку!

03.11.2005., Zagreb – U restoranu Okrugljak odrzana promocija vina Alpe Adria. Milan Lucic, Tonci Huljic.
Photo: Igor Kralj/PIXSELL

Лучиќ инаку ретко се појавуваше во јавноста, а речиси и да исчезнал изминативе години откако бизнисот му оди се полошо и полошо.

Неговото богатство речиси се преполовило, а австриското обвинителство минатата година против него покренало тужба во случајот Хилтоп. Тешко е да се пребројат сите проекти на Лучиќ во Хрватска, а голем број од нив ги следат контроверзии и голем број од нив неславно завршиле.

Судбината на хрватските фирми на Лучиќ ја делат и неговите херцеговачки компании, а поради тоа што нема финансии да ги намири  повеќе милионските долгови, даночната управа на БИХ полека го распродава неговиот имот.

По се ова може да заклучиме дека Северина на време се извлекла од целата оваа приказна и завршила во прегратка на малиот невин Кеба…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top