| четврток, 6 декември 2018 |

Топ пет најпопуларни имиња за девојчиња во светот

На светско ниво е направено истражување во кое се издвоени најпопуларните имиња на светот, без разлика на културолошките разлики и обичаи. Во истражувањето се вклучени земји од Европа, Канада, САД и Австралија.

Родителите се почесто се подготвени на своето дете да му дадат некое од интернационалните имиња кои лесно се прилагодуваат на различни јазици. Ова се петте најпопуларни женски имиња во светот.

1.Миа

Едноставно и кратко име кое ги освојува родителите низ цел свет. Врвот на популарноста го достигна во далечната 1964 година, а сето тоа благодарение на актерката Миа Фарау кога се најде на листата на илјада најпопуларни имиња во светот. Миа е денес шесто име во САД, второ во Германија и прво во Англија, Австралија, Хрватска, Мексико, Австрија, Норвешка и Словенија.

2. Софија

Станува збор за старо име кое на грчки јазик значи мудрост. Ова светски прифатено име е број еден во САД. Без разлика дали се пишува Софија или скратено Софи, ова име е прво на листата во Шкотска и Северна Ирска. На второ место е во Танзанија и во Холандија, а на четврто место во Италија и во Данска.

3. Оливија

Оливија е име кое го создаде, односно популаризира Вилијам Шекспир за романтичната драмска претстава „Дванаесетта ноќ“. Ова име се поврзува со маслиновото гранче и претставува симбол на мир. Ова име во Англија, Велс и Шкотска се наоѓа на второ место, а дефинитивно број еден е во Хаваи.

4. Ема

Ова име го популаризираа холивудските актерки Ема Ватсон, Ема Стоун, Ема Роџерс, но станува збор за многу постаро германско име кое значи „потполн“. Ема е број еден во Белгија, Финска, Франција, Германија и Норевшка, на второ место е во Канада, а на трето место во Ирска.

5.Изабела

Изабела или Изабел е име со најмногу прекари (Изи, Бела, Ела, Ели, Иса). Најпопуалрно е во Англија, Канада, Бразил, Нов Зеланд, Данска, Шпанија, Австралија, Шведска и Ирска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top