Ви откриваме неколку имиња кои во нашите краишта засекогаш ќе бидат врзани за зимата бидејќи таа кај нас секогаш е синоним за студенило, за снег, како и за новогодишни и божиќни празници. Во древните времиња децата родени во овој период се чувале за да бидат здрави и да не се разболат заради острата зима. Затоа и се случувало да добијат имиња кои би требало да ги „штитат“. Друга варијанта била имињата да се добиваат според светец или празник. Ви ги претставуваме најубавите имиња за деца родени во зимските месеци.
Никола/Николина
Децата родени во декември, околу Свети Никола, често добивале име по овој голем светец. Името Никола потекнува од латинското „Nicolaus“. Ова име во себе содржи два збора: nike (победа) и laos (народ), па може да се преведе како победник или оној кој носи победа.
Вук/Вука/Вукослава
Ова старословенско име, додека во минатото сѐ уште се верувало дека зборот има дејство на магија, се давало на децата со цел да ги заштитува од злите духови. Името по обичај се давало на машкото дете во семејството каде што владееле смртоносни болести, за болеста да избега од стравот од „волкот“. Слично, ако детето е родено во зимските месеци, ова име се давало за здравје и „против студенило“.
Божидар/Божидарка
Божидар/ка е превод од грчките збора „Theodoros“ – „theos“ (Бог) + „doron“ (дар). Ова име се давало на детето кога родителите долго и желно го очекувале, па конечно „Бог им го дал“. Исто така, името традиционално им се дава на децата родени на Божиќ или околу овој празник, како и на Водици, а истото важи и за имињата изведени од него – Божа, Божанка, Божена, Боженка, Божимир, Божимирка, Божина, Божица…
Андреј/Андријана
Името потекнува од грчкиот збор „Andreas“, со значење „храбар, мажествен“. Во разни варијанти името е популарно во сите европски јазици, благодарение на тоа што така се викал еден од дванаесетте апостоли.
Стефан/Стефана
Ова име со грчко потекло е варијанта од грчкото име „Stefanos“ што значи „венец“ или „круна“. Во преносно значење името значи „оној кој е крунисан, кој е овенчан“. Им се дава на децата родени во јануари, околу празникот Свети Стефан, 9-ти јануари. Други варијации на ова име се: Стева, Стевица, Стево, Стефанија…
Василије/Василија
Василије е македонска варијанта од грчкото машко име кое потекнува од зборот „basileios“, што значи царски, кралски. Исто ака може да ја означува и билката босилек која важи за Божји цвет и на која ѝ се препишуваат многу благотворни дејства. Ова име се дава на децата родени во јануари, околу празникот Свети Василије.
Јован/Јована
Името потекнува од латинските зборови „loan“ „loannes“ што во превод би значеле „Бог е милостив“. Одамна е сеприсутно помеѓу христијанскиот свет. Ова е Библиско и календарско име, а се дава на децата кои се родени на празникот Свети Јован Крстител, на 20 јануари.
Сава/Савка
Малку поретко име во македонскиот јазик. Хебрејското потекло се создало од зборот „Saba“ што значи преобразен, праведен.
Снежан/Снежана
Име кое во оваа варијанта е популарно во Македонија, но е познато и помеѓу другите словенски народи во поразлична пишана форма, но со исто значење. Името е изведено од „снег“ и машката варијанта одамна се изгубила, но женската и понатаму е прилично популарна. Им се дава на децата родени во текот на зимата за да бидат нежни, убава и „бели како снегот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.