| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Натали ќе се вика-Натали!

Наталија Грубовиќ и сопругот Дрен Глушац  на својата новородена ќерка и го дадоа името Натали. Грубовиќ го роди своето прво дете кон крајот на септември во клиничката болница Аџибадем Систина во Скопје, и вели дека предлогот за името прв го спомнал нејзниот сопруг, бизнисменот Дрен Глушац.

-Уште кога дознавме дека чекаме ќерка, мојот сопруг без двоумење ми рече како сака да и го дадеме името Натали. Мене идејата првин ми звучеше малку необично, бидејќи и покрај тоа што моето име е Наталија, во јавноста сум позната како Натали, па предложив друго име. Но штом прв пат ја видов мојата ќеркичка, и во тек на првите ден, два, додека сеуште размислувавме за името, и самата го добив чувството дека таа е токму родена Натали, дека името е како создаено за неа, раскажува убавицата за „Фокус“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top