| четврток, 6 декември 2018 |

Есад Рахиќ и Ване „Деликатес“ меѓу клучните луѓе во СДСМ

Покрај новите потпредседатели на СДСМ кои што вечерва ги објави партијата партиски извори брифираат дека меѓу десетината највлијателни луѓе во партијата во иднина ќе бидат и Есад Рахиќ кој што треба да ја раководи Скопската партиска организација за која претходно беше наведено дека е заспана, додека висока оперативна функција ќе добие и Ванчо Георгиев сопственик на фабриката Деликатес од Кочани  и во два мандати пратеник во Собранието на РМ.

Според партиски извори одлуката на централниот Одбор на СДСМ дополнително ги вжештила односите меѓу новото раководство и приврзаниците на Црвенковски кои немаат целосна контрола на новите потпретседатели на партијата.

За Секретар за меѓународна соработка, Централниот одбор на СДСМ вечерва го избрал  Јован Деспотовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top