Семејството на најуспешниот српски тенисер пред околу една година започнала да гради раскошна вила крај Павловачкото езеро во Војводина, а според фотографиите, се чини дека израдбата е во завршна фаза.
Според медиумите од соседството, локацијата била избор на таткото на Новак, да се изгради голама семејна куќа каде славниот тенисер ќе може да минува врееме со децата. Од тоа што може да се види, вилата е огромна со повеќе додатни градби, а ќе има и базен.
Локацијата на вилата е на самото езеро, а според неа јасно може да се заклу.и дека семејството Ѓоковиќ сакало приватност, па никаде околу вилата нема ниту еден сосед. Сепак, мештаните очекуваат дека по завршувањето на имотот на Ѓоковиќ, ова место и тоа како ќе добие на популарност, па ќе се јават уште заинтересирани инвеститори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.