Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на книгата „Мојот професор пророк“ (книга посветена на Блаже Конесеки) од Вера Стојчевска – Антиќ. Промоцијата ќе се одржи на 19 октомври (четврток) 2017 година, со почеток во 12.00 часот, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Димитар Пандев, а делови од книгата и од поезијата на Конески ќе интерпретираа актерот Томе Витанов.
„Мојот професор пророк“ е книга за фатиката во науката, поточно во научниот живот. Таа е своевидна етнографија на комуникацијата во македонската наука и култура… Конкретно, за животот во македонистиката, домашна и особена странска, во која централна личност своевремено бил Блаже Конески.
Вера Стојчевска-Антиќ – е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Нејзиното дело содржи над 850 објави во земјата и во странство, од кои 75 претставуваат книги. Научната дејност на Вера Сточевска-Антиќ е позната во бројни македонски и странски славистички центри, која главно се одвивала околу средновековната македонска книжевност. Добитник е на значајни признанија и награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.