На Американката Арана Аусин и се оствари сонот на многу девојчиња- се омажи за принц и стана принцеза. Се омажи за Џоел Маконен, триесет и пет годишен адвокат, кој е правнук на последниот владетел на Етиопија, Хаилел Селаисен.
Триесетгодишната девојка својот принц го запознала пред 12 години во еден ноќен клуб во Вашингтон, и притоа немала поим дека момчето има кралска крв.
Џоел за „Њујорк тајмс“ признал дека на својата избраничка и пришол многу без врска, но по само неколку минути откако јуа запознал си рекол: „ Ти ќе бидеш моја девојка“.
Ариана која тогаш имала 21 година не очекувала дека својот иден сопруг ќе го запознае во ноќен клуб, но се присетува дека веднаш нешто почувствувала кон него.
-Мислам дека двајцата почувствуваме дека тоа е нашата судбина, но имавме уште нешта кои требаше да се завршат, вели таа.
Кога врската им станала посериозна, Џоел и о0ткрил дека е етиопски принц, а таа била фасцинирана од приказната на неговото семејство.
Семејството на Џоел е дела о династијата која досега се до библискиот крал Соломон и кралицата Шеба, а биле на власт се до револуцијата во Етиопија во 1974 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.