| четврток, 6 декември 2018 |

Потрага по богатството на Гадафи: Неговите милијарди, дијаманти и злато се бараат низ цела Африка

Крвавиот пад на некогашниот либиски лидер Моамер Гадафи во 2011 година покрена голема потрага по неговото богатство. Сега Обединетите нации објавија извештај кој вели дека поголемиот дел од неговото богатство е сокриено на повеќе места во Африка. Стручњаците објавиле извештај на цели 299 страници во кој меѓу, другото има опширни информации за хаосот кој владее во Либија по падот на Гадафи како и документи, фотографии и разни мапи според кои се трага по богатството на Гадафи.

Години наназад беа објавувани текстови во кои се тврдеше дека тој имал околу милијарда евра, најмалку 6 милиони карати дијаманти и неутврден број на златни плочки кои наводно биле сокриени на разни локации во Африка. За дел од парите се верува дека се сориени во 4 банки, а за другите скапоцености се шпекулираше дека се наоѓаат во разни бункери кај Преторија и Јоханезбург.

Сега по ова богатство на големо се трага, а во извештаите е наведено дека се регистрирани повеќе групи на „ловци“ во ЈАР од земји ширум светот кои најверојатно трагаат по скиените скапоцености. Во извештајот на ОН исто така се наведува и дека во ЈАР има многу повеќе од богатството на поранешниот либиски лидер отколку што првично се претпоставувало.

Нешто повеќе од 7 милиони евра биле трансферирани од јужноафриканската банка Стандард во банката Станбик во Кенија каде трансферот го одобрил Башир ал Шракави, некогашниот банкар на Гадафи и поранешен шеф на либиско-афричкиот инвестициски фонд. Токму тој фонд бил главен извор за финансирање на семејството на Гадафи.

Според извештајот на ОН, во западна Африка на неколку локации се скриени поголеми суми на пари за чија безбедност е задолжено едно лице кое се обидува да ги врати назад во Либија. Инаку, истрагата на Обединетите нации за богатствтото на Гадафи започнала по аферата со документите од Панама во кои меѓу другото, биле проднајдени и податоци дека преку фондот на Гадафи во Африка се инвестирало во нафта во повеќе африкански земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top