| четврток, 6 декември 2018 |

Најпознатата венчаница прогласена за ремек-дело

Кели дошла во Монако со брод. Патувала осум дена со 50 членови на семејството, шест деверици и 80 куфери. Во Монако ја пречекале нејзиниот принц и 20.000 луѓе

Венчаницата што ја носеше Грејс Кели во 1956 година на венчавката со принцот Рене III од Монако е прогласена за најелегантната венчаница во XX век и за вистинско ремек-дело.
Грејс ја добила како подарок од студиотот МГМ, а ја дизајнирала Хелен Роуз.
На велот има зашиено илјадници бисери. Долниот дел од венчаницата е од свилен тафт, а горниот од фина тантела, чиишто мотиви се изделувани од подлогата и повторно спојувани за да ја следат формата на фустанот до долниот дел. Искористени се 22 метри свилен тафт, 90 метри свилена мрежа и бриселска тантела со рози стара 125 години. Се проценува дека трошоците за производство и материјал изнесувале околу 7.266 долари.

Роуз ја шиела венчаницата една година.
Чевлите што ги носела принцезата се дело на вештите раце на дизајнерот Дејвид Евинс, кој во десниот чевел ѝ ставил и паричка за среќа.

Венчалниот фустен на Грејс Кели денеска е сопственост на Музејот на уметноста на Филаделфија.
Дизајнерот Оскар де ла Рента зборува за овој фустан: „На денот на венчавката Грејс Кели му даде ново значење на зборот „икона“. Целиот нејзин изглед – од велот до женствените детали на тантелата и конзервативниот фустан ја направија невеста која не старее“
Принцот Алберт од Монако, синот на Грејс, открива како мајка му пристигнала на свадбата од Америка.
-Кели дошла во Монако со брод. Патувала осум дена со 50 членови на семејството, шест деверици и 80 куфери. Во Монако ја пречекале нејзиниот принц и 20.000 луѓе, вели Алберт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top