Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Народниот Музеј на Велес , имаат чест да Ве поканат на 11-та самостојна изложба на Дејан Иванов Маргуш која ќе се отвори во среда 18.10.2017 во 19:30 часот во ликовниот салон на Народниот Музеј во Велес.
На изложбата со наслов „Космички пејзаж 3“ авторот ќе се претстави со 21 дело работени во комбинирана техника во која спонатано ја продолжува неговата сликарска енформелска преокупација. Тој го гради неговиот ликовен свет на спонтан, силно имулсивно но сепак лирски изведен апстрактен пејзаж. Темпераментниот гест е нагалсен и со тоа го доловува духовното расположение на авторот. Сликарот Иванов со полн психолошки набој, остана вљубеник во својот пејзаж и во својата енформелистичка иконографија. Нефигуралниот , апстрактен ликовен израз, е еден од белезите на наговата модерна ликовна уметност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.