Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев изрази благодарност за победата до која стигна вчера во Кавадарци, како што вели тој блиску биле и до конечна победа во првиот круг, но сепак судбината на Кавадарци останува да ја одлучат граѓаните во вториот круг.
Почитувани граѓани,
Во изминатиот период работевме напорно и бевме фокусирани на вчерашниот ден. Првиот круг од локалните избори помина со резултат кој не носи во втор круг во Кавадарци. Победата е наша, ни недостасуваше многу малку за да заокружевме уште во првиот круг. Пред се сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои излегоа да гласаат и го искористија своето право на глас. Сакам да се заблагодарам на Вас граѓаните, мои сограѓани, роднини и пријатели, кои ми ја дадовте целата поддршка. Голема благодарност и до членството на ВМРО- ДПМНЕ кое работеше напорно за да стигнеме до овие резултати. Вие сте свесни што му треба на Кавадарци и разумно можете да одличите за иднината на нашиот град. Моето дејствување за Кавадарци е поткрепено со дела кои траат до ден денес, мојата заложба за градот и граѓаните, уште пред мојата кандидатура, не може да биде заборавена и да се стави сенка на моето работење. Сум вложувал во Кавадарци и ќе продолжам без разлика на се, затоа што Кавадарци заслужува.
Им честитам на сите нови градоначалници кои заокружија победа во прв круг, им посакувам успешна работа и се надевам дека ќе работат во интерес на граѓаните. На 29 ти октомври ќе треба повторно да дадете поддршка и да одлучите во чии раце ќе го дадете Кавадарци. Ова се избори за нас, за нашето Кавадарци. Избори во кои треба сами да одлучите за Вашата иднина. Иднината на Кавадарци е во Ваши раце, нека биде тоа разумна одлука. За убаво Кавадарци. Кавадарци на прво место. – напиша Јанчев на неговиот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%