Иако досега во медиумите се пишуваше дека „Ла Негра“, како што ја викале споругата на Меси, Антонела во родното Росарио, била во љубовна врска единствено со Лионел и дека станува збор за љубов од детските денови, Аргентинката сепак имала една љубовна афера со друго момче од Росарио додека Меси настапувал за младинскиот тим на Барселона.
Ваквата информација ја открил роднина на Антонела Рокузо, која има два сина со најголемата ѕвезда на “Ноу Камп“, а во моментов е бремена со третото. Роднината открил дека откако двајцата се запознале, раскинале накратко додека Меси бил во Шпанија, но и дека Антонела била во врска со некое друго момче.
Антонела инаку е братучетка на еден од најдобрите пријатели на Меси од Росарио, помалку познатиот фудбалер Лукас Скагиља, а со најдобирот фудблаер на светот се запознала уште додека биле деца. Тогаш ја започнале романсата која продолжила како „љубов на далечина“.
Кратко потоа Антонела имала смртен случај, кој тешко го преболела, а Лионел веднаш долетал во Росарио се намера да ја утеши. Тогаш сфатила дека Меси е човекот за неа и донела одлука дека мора да се запише на факултет во Барселона и да биде блиску до саканиот.
За Антонела ќе шпанските медиуми пишуваат дека и понатаму е скромна девојка од Росарио, иако сега располага со огромно богатство и има милиони следбеници на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.