| четврток, 6 декември 2018 |

Последниот Мохиканец ја напушта глумата

Тројниот добитник на Оскар Данијел Дел Луис, еден од најзначајните актери на својата генерација реши дефинитивно да ја напушти глумата и да се пензионира.

Шеесетгодишниот актер кој во кариерата долга четири децении најчесто играл претседатели и писатели чека да биде објавена неговата последна драма.

Луис не ја соопшти причината поради која реши да се повлече од глумата Оваа вест ја потврди неговиот портпарол.

Деј Луис е единствениот актер кој има освоено три „Оскари“ за главна машка улога и тоа за филмот на Стивен Спилберг „Линколн“, за „Мојата лева нога“  и за „Ќе има крв“.

Имаше и две номинации за Оскар и тоа за филмот „Бандите на Њујорк“ и „Во името на таткото“. Познато е дека улогите ги сфаќа премногу сериозно. Мошне впечатлива е неговата улога и во „Последниот Мохиканец“.

Во крајот на деведесетите години се откажа од глумата, но режисерот Мартин Скорсезе успеа да го убеди да се врати, нудејќи му ја улогата во „Бандите на Њујорк“.

Во брак е со Ребека Милер и има три деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top