Самостојната изложба на академскиот сликар Сергеј Андреевски со наслов„Танц на рацете“ синоќа беше отворена во галеријата „Акантус“ во Скопје.
На изложбата се поставени 40 дела што до сега не биле претставени пред скопската публика, а дел од нив се претходно изложувани во Берлин, Москва, Љубљана.
-Во сликите целиот опус се нанижува во една логична нитка, матрица пренесена од неговите древни предци на македонското поднебје. Каде и да е тој е дома, сликите се неговиот дом. Изложбата ќе биде отворена до 10-ти декември вели Марина Лешковска, куратотор на изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.