Проверете кој знак во хороскопот е најголем плашливец и ја вика „мама“ на помош кога се најде во „небрано“!
РАК
Ова е најголемата кукавица во Зодијакот. Драги Ракови, вие немате конкуренција. Иако повремено глумите силни, доволно е некој зад грб во шега да ви пријде и вие ќе се качите на лустер. Не треба да напоменуваме дека се плашите од мракот и дека тој страв од темнината не се губи, ни со текот на вашето созревање. Признајте дека спиете со запалено светло, бидејќи којзнае што се крие ноќта во плакар.
РИБИ
Мора да признаете дека за малку паднавте на второто место на топ листата кукавици. Ракот ве „шие“ за само 0,5 поени. За едно сепак ви се оддава признание, во кризни ситуации вие отворено ги покажувате своите стравови, не се срамите. Браво! Во одредени ситуации кои не се баш пријатни, многумина би ви завиделе на спринтот.
ВАГА
Не е баш дека не се плашите, иако вас овој текст смртно ќе ве навреди. Признајте дека се плашите од конфликтни ситуации и со задоволство незабележливо ќе се извлечете. Инсекти и бубачки ви гарантираат паничен напад со својата појава, затоа пролетта и не спаѓа во ваш омилен годишен период. Сепак, кога „срцето ќе ви падне во пети“, вие тоа најдобро знаете да го замаскирате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.