| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка од сите етнички заедници за ВМРО-ДПМНЕ (видео)

 

Огромниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред владата на Република Македонија знак за изборниот резултат во недела. Граѓани од сите етнички заедници со силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и новата ера. Новата ера која како што најавија од партијата носи подобро утро за сите, наиде на поддршка од сите етнички заедници. Македонија никогаш не била пообединета. Под знамето на ВМРО-ДПМНЕ и Mакедонци и Aлбанци и Tурци и Срби и Роми и Бошњаци со една единствена цел, победа на претстојните локални избори и враќање на Република Македонија на патот на просперитетот и економскиот развој.

Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на своите листи има граѓани од сите етнички заедници, докажани во своите професии и почитувани во своите средини на живеење, исто како и листите, така и митингот на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија во мало, луѓе од сите краишта на државата, од сите етнички заедници и возрасни групи со масовнна и одлучна поддршка на политиките на „Новата ера“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top