| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран сковал пеколен план во затвор-се жени како би ја задржал Јана!

Зоран Марјановиќ, кој е уапсен поради убиството на сопругата Јелена Марјановиќ и се наоѓа во притвор, сковал пеколен план. Имено, во случај да биде осуден на долга робија, ќе се ожени со својата љубовница, Зорица Митровиќ и тоа како би го задржал старателството врз ќерката Јана. Тоа значи дека додека тој е во затвор, Јана ќе ја чува Зорица.

Инаку Зоран Марјановиќ се уште е во затвор, а таму најмногу му недостига поддршката на неговата мајка, која е столб на семејството, но која не доаѓа во затвор, бидејќи негативната енергија лошо влијае   на нејзините моќи.

-Зорица е главна во куќата и за се се прашува. Кога и да излезе некој проблем или би му било тешко во животот, Зоран утехата ја барал во мајката, која за се го советувала. Тој во притвор е веќе 26 дена и единствено што му недостига е токму Зорица. Изгледа како да пука по рабовите. Сето ова е голем притисок на него, прашање е колку ќе издржи- рекол извор од истрагата.

Зорица Марјановиќ, која се занимава со лечење со биоенергија, избегнува одење на гробишта, но и во затвор.

-Таа се уште го нема посетено синот во затвор, а најверојатно и нема да стапне во Централниот затвор. Познато е дека не била на погребот на Јеца, ниту на поменот.Одвоеноста на мајка му на Зоран, најтешко му паѓа на Зоран кој нема кој да го утежи-вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top