| четврток, 6 декември 2018 |

„Ослободување на Скопје“ награден за најдобра продукција во Фестивал во Лесковац

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија на неодамна завршениот Интернационален филмски фестивал на филмска режија во Лесковац ја доби наградата за најдобра продукција, информираат од продукцијата „Партизанс“.
Исто така учествуваше и на фестивалот „Raindance“ во Лондон, каде ја имаше својата британска премиера.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор Нола, Владимир Анастасов и Арто Халонен, режија Раде и Данило Шербеџија, а главните улоги ги толкуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top