Како дел од програмата „ФЕСТ Гала“, филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија го имаше своето прикажување на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ во Белград, Србија.
Во преполната сала во „Сава Центар“ публиката со воодушевување го прими филмот. „Ослободување на Скопје“ беше македонскиот филмски кандидад за Оскар, во кој главните улоги ги толкуваат: Раде Шербеџија, Давид Тодосовски, Луција Шербеџија, Силвија Стојановска, Мико Ноусаинен и Небојша Глоговац. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска, и финасиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, известија од филмската продукција „Партизанс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.