Македонскиот кандидат за Оскар, филмот „Ослободување на Скопје” на Раде и Данило Шербеџија се прикажа на филмскиот фестивал во Шангај во рамките на програмата „Панорама” соопштија од „Партизанс продукција“.
Овој фестивал е од А категорија и еден од најголемите и најзначајните на Азискиот континент. Трите проекции и интересот на публиката докажаа дека темата која ја обработува овој филм е интересна и актуална насекаде во светот. Филмот на Шангајската публика им го престави македонскиот продуцент Роберт Насков.
Ова е второ прикажување на филмот во Азија после учеството на фестивалот во Пекинг. Досега филмот се прикажа на повеќе од дваесет интернационални фестивали насекаде во светот како што се фестивалите во Палм Спрингс, Кливленд, Монтевидео, Уругвај, Братислава, Москва, Хелсинки, Торонто, Сараево, Фест во Белград, Пула, Тибурон…
Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција во која главните улоги ги толкуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија, Мико Ноусаинен, Раде Шербрџија и Петар Мирчевски. Финансиски е подржан од Еуримаж и Агенцијата за филм на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.