Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија ќе биде дел од филмскиот фестивал во Кливленд, САД известија од продукцијата „Партизанс” .
Фестивалот се одржува во периодот од 29.03-09.04.2017 година и учество ќе земат над 400 играни филмови, а филмот „Ослободување на Скопје” е дел од натпреварувачката програма.
Овој филм е ко- продукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска, а главните улоги ги толкуваат: Давид Тодосовски, Раде Шербеџија, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.