Колумбиските медиуми објавија вест дека стоперот на Барселона, Жерард Пике и пејачката ѕвезда Шакира повеќе не се во врска.
Наводно, Шакира го напуштила семејниот дом во Барселона, а двојката последен пат заедно е видена на свадбата на Лионел Меси и Антонела Рокузо во јуни годинава. Засега ниеден од нив не го потврдува раскинот, но ова не е првпат да се зборува така за нив.
Минатата година Пике беше фатен во ноќен клуб по што излегоа шпекулации дека ја изневерува својата девојка. Само неколку дена подоцна двајцата се фотографираа и објавија заедничка слика на социјалните мрежи.
Пике и Шакира се во врска од Светското првенство во Јужна Африка пред седум години, а ги имаат двата сина Милан и Саша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се зборуваше дека се заедно: Надал снимен како танцува на концертот на омилената пејачка (Видео)
-
Се исплаши од затвор: Шакира плати огромна сума пари на шпанските власти
-
Шакира ќе оди во затвор – сокрила милиони евра во аферата „Рајски документи“
-
Шакира ја одложи турнеата до јуни: Состојбата е многу посериозна, нејзините гласни жици се уште крварат