| четврток, 6 декември 2018 |

Шакира ќе оди во затвор – сокрила милиони евра во аферата „Рајски документи“

Пејачката Шакира е во паника откако шпанските власти ја обвинија за затајување данок! Пејачката се товари дека од Шпанија на Малта префрлила милиони евра, поради што нејзиното име се појавува во аферата „Рајски документи“.

Потстои сомнеж дека Шакира на тој начин избегнала плаќање на данок, поради што и се заканува и затворска казна

-Шакира живеела во Шпанија од 2011 до 2014 година и требало да плати данок на заработката од концертите кои ги одржувала ширум светот, не само од настапите во оваа земја – објаснил даночниот службеник.

Тој додал дека Даночната управа се обратила на властите и барала детално да се испитаат финансиите на Шакира. Доколку се утврди дека пејачката направила прекршок, против неа ќе биде подигнато обвинене.

Луѓето бликси на преубавата Колумбијка тврдат дека Шакира е во паника иако никогаш намерно не го избегнала плаќањето на данокот.

Познатата пејачка веќе ангажирала тим на врвни адвокати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top