Португалецот, кој е познат по својата хумана работа, ја даде на аукција наградата освоена за најдобар фудбалери во 2013 година, популарната „Златна топка“ која ја доделува ФИФА. Златната топка е продадена за 600.000 евра.
Сите финансиски средства Роналдо ги донираше во фондацијата „Make-A-Wish Foundation“, која им помага на тешко болните деца.
Роналдо кој зад себе веќе има четири такви награди и оваа година ќе биде во тесна конкуренција да го освои ова признание.
Тој е во „тројката“ од која ќе се избере најдобриот за 2017 година. Покрај Роналдо, во конкуренција за признанието се и Лионел Меси од Барселона и Нејмар кој летово од Барселона мина во редовите на ПСЖ.
Сепак, Португалецот е главен фаворит имајќи в предвид дека минатата сезона со Реал Мадрид ја одбрани титулата во Лигата на шампионите и го освои трофејот во Примера, а го освои и пехарот во УЕФА Супер купот што се одржа во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.