| четврток, 6 декември 2018 |

Познат српски сектолог го открива името на убиецот-од почеток се сомневав во него!

Познатиот сектолог Слаџан Мијаљевиќ проценува дека семејството Марјановиќ не е секташко, но дека функционира како некаков бизарен семеен култ.

Тој вели дека мајката Зорица е алфа и омега и своевиден лидер на тој култ.

-По она што досега го знаеме, во нивното семејство нема елементи на секта, но очигледно тие имаат многу специфично однесување – вели тој.

Таа специфичност, според неговите зборови, лежи во фактот дека во семејството доминантна фигура е мајката на Зоран.

-Таа е доминантна фигура и ја претставува главата, лидер на интерниот семеен култ. Таа жена раководи со сите, бидејќи таа заработува за разлика од машките членови на семејството-објансува Мијаљевиќ, кој додава дека машките членови се најобични паразити.

Тој смета дека Јелена требало да послужи Зоран да се пробие во кариерата.

-Меѓутоа таа во еден момент очигледно посакала да го напушти тоа опкружување, па кај Марјановиќ, а притоа мислам на сите членови, предизвикала огромна количина на омраза и бес-тврди сектологот.

Според неговите зборови, убиството на Јелена е од побуда на ниски страсти.

-Само е потрбно да се утврди што било пресудно за време на злосторството, дали прекинувачот  била љубомората, омразата или повредената суета на нејзиниот сопруг.Од самиот почеток типувам дека убиецот е Зоран. Неговата приказна никако не пие вода. Сум трчал на насипот на Борча и тој терен ми е добро познат. Приказната дека Јелена се изгубила од вид е невозможна, поради што приказната на Зоран е неуверлива-заклучува Мијаљевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top